Владата на својата денешна седница разгледа и донесе Протоколот за влез во Република Северна Македонија на странски дипломати акредитирани во земјата и членовите на нивните семејства, со кој се предвидува дека начелно тие не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

– Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно, се наведува во Проотоколот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва акредитирани во Република Северна Македонија за усвоениот Протокол.