Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница ги разгледа и Планот и мерките за борба против корупција.

Планот за борба против корупцијата е подготвен врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и согласно укажувањата на релевантните домашни и странски извештаи и содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата како продолжение на анти-коруптивните политиките што ги зацрта Владата со почетокот на актуелниот мандат.

Со овој план се зајакнуваат капацитетите и се воспоставува синхронизиран систем за ефикасна функционалност на институциите во првите редови против корупцијата, за враќање на довербата во нив и за општество ослободено од корупција.