Предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни училишта и средни училишта за 2022 година, како и информацијата за преземени активности во однос на обврските од иницијативата Отворен Балкан, се на дневен ред на денешната 132. седница на Владата на Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за здравство на седницата, како што информира владината прес служба, е најавена и Предлог-програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2022 година.
За заклучоците и одлуките од седницата јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.