Да се одложи плаќањето закуп за корисниците на социјалните станови
Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а исто така ќе се одложи плаќањето закуп и за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна уредба за ова прашање.
Одложување на кредитите кај банките
Народната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја промени Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик со цел донесување на посебни одредби заради ублажување на последиците од вирусот Ковид-19.
Со цел полесно спроведување на активностите донесени со Одлуката, а кои се однесуваат на преземање на активности од страна на банките за одложувањето на отплатите, репрограмирањето и договарањето помеѓу банките и нивните клиенти во услови на криза од вирусот Ковид-19, Министерството за финансии и НБРМ во соработка со Македонската банкарска асоцијација подготвија Уредба за начинот на промена на договорни услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците, во која се дефинира начинот на спроведување на промените, која беше усвоена од Владина седница одржана на 26.03.2020 година.
Со оваа уредба се овозможува банките на лесен и едноставен начин да ги одложат кредитите на своите клиенти без потпишување на анекси и без одење на шалтер и во физичките локации на банките.
Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање на отплатите, репрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци.
Секоја банка ќе ја донесе одлуката на своите надзорни одобри и ќе ги извести своите клиенти.
И оваа мерка е веќе во реализација.