Владата на денешната седница донела протоколи за работата на хотелите и на базените, соопштија од прес-службата.
Протоколот за хотелите, велат оттаму, ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел, препораките и мерките за прием и сместување на гостите, процедурите за рестораните, употребата на тоалетите, како и препораки за гостите и постапување ако во хотелот се појави случај со симптоми на ковид-19.
Протоколот за работата на базените, пак, исклучиво се однесува за пливачките клубови, додека за рекреативно пливање тие сè уште остануваат затворени.