Владата на 204. седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спорт предложен од Министерството за правда.
Со предложените решенија, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки, така и на меѓународно ниво.
-Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување/поттикнување, во Законот за спортот се предвидува даночно поттикнување за спортките субјекти со воведување на ваучерски систем согласно кој точно ќе бидат утврдени надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање на ваучери, појаснуваат од Министерството за правда.
Законот ќе се достави во Собранието и ќе се носи по скратена постапка.