Поранешниот премиер Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Бучковски, универзитетски професор по Римско право, сега е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет УниБИТ, а исто така е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет.

Извор: 360 степени