Нова седница со новиот предлог закон за Јавно обвинителство почна во Собранието, откако претходно владата го повлече законското решение кое утрово го достави до пратениците.
На седницата реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека за опозицијата била под целосна изолација.
Тој побара пауза од еден час, на што претседателот на Собранието, Талат Џафери појасни дека во моментов трае 134 седница за да констатира дека е повлечен предлог-законот за Јавно обвинителство и дека се уште не е почната 135 седница, на која ќе се гласа потребата Законот за ЈО да биде донесен по итна постапка и истиот да влезе во Комисијата за европски прашања.
Предлог-законот влезе во собраниска процедура откако вчера имаше најави дека власта добила мнозинство од 80 пратеници, што е потребно за изгласување на Законот за Јавно обвинителство.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери пак, денеска кажа дека најверојатно Собранието наместо во среда, ќе биде распуштено во недела, откако овој датум го добил како оптимален од страна на Државната изборна комисија.