Владата на денешната седница ја прифати и ја препорача до Бирото за јавни набавки, препораката од Интернационалната стопанска комора за користење на антикорупциска клаузула при јавните набавки од страна на договорните страни.
Управувањето со јавните набавки е важно за обезбедување конкуренција на пазарот и квалитет на стоки и услуги. Затоа сме насочени кон креирање системски мерки и политики за намалување на ризиците од корупција во јавните набавки во државните претпријатија и локалната самоуправа, порача вицепремиерот за броба против корупција Љупчо Николовски.
Целта на оваа клаузула е постигнување цврста заштита од коруптивни практики при јавните набавки. Со оваа клаузула ќе им се обезбеди на страните договорна одредба што ќе ги увери во интегритетот на нивните колеги пред склучување на договорот, за време на траењето на договорот и после тоа, што влева и сигурност во исполнувањето на одредбите од договорот за јавната набавка, посочи Николовски.