Владата на Република Северна Македонија денеска, 21.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната 129-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се најде Информацијата за учеството на Република Северна Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, во периодот 1 јануари – 30 јуни 2021 година, како и Предлог-годишниот извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции и во НАТО-мисии.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, со почеток во 19:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.