Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска судијакта Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“ кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица.

Со пресудата, Талески е осуден на 8 години затвор.

Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

И останатите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.

Извор: 360 степени