ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги споделија фактите кои, според нив, го одбележаа денот:

Сеуште молк за сомнежот за испумпување на 21 милион евра од универзалниот снабдувач и струмичката фирма.

2 000 граѓани, голем број компании и останати физички лица оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, црно и се пишува на македонската економија.

Шест месеци неспособната власт не успеа да донесе ниту протоколи и платформа за онлајн работа, на повидок образовна катастрофа.

Протести на граѓаните за струјата во неколку градови добиваат големи размери, власта сеуште глува за поскапувањата, а бизнисите на Заеви си врват. – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.