Очигледно огромен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Затоа од белиот дворец секојдневно пласираат неосновани напади и обвинувања, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е до толку исплашено од претседателот Ковачевски што остана да го обвинуваат уште за земјотресот и за временската прогноза.

Ништо не се менува во партијата предводена од Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето неодговорно, деструктивно однесување, порачаа од СДСМ.