ВМРО-ДПМНЕ ги сподели фактите, кои како што велат, го одбележаа денот:
- Човекот кој Шилегов уверуваше дека го труе народот, добивал тендери од Владата и Зоран Заев.
- Мицкоски потенцираше дека правдата во нашата држава не смее да биде селективна, туку иста кон секој граѓанин и таа ќе дојде по 12-ти април.
- Предлог законот за Агенцијата за разузнавање се изработува согласно нечии потреби и теркови, а не онака како што треба согласно прописите.
- Рашела Мизрахи бара согласност од Владата за вработување на деца без родители со што би се дала голема поддршка на оваа категорија на деца.
- Новата методологија за проширување на Европската унија ги крати шансите на Република Македонија за почеток на преговорите.
- Зоран Заев ја злоупотреби тажната судбина на семејствата на починатите од Смилковско езеро и за тоа треба кривично да одговара и да поднесе одговорност.
- СДСМ сака да избегне одговорност за масовното труење кое свесно го прави, а од вкупно 9 фирми увозници на нафтен кокс, дури 5 се блиски до Зоран Заев.
- Бојан Јовановски проба да ја злоупотреби ЕУ за проневера на пари. Европската унија демантираше дека потпишала и финансирала било каков договор со Бојан Јовановски.
- Матен тендер тежок 100.000 евра во постапката за топол оброк за основците во општина Аеродром. Кој ги злоупотребува основците, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.