Мерките на СДСМ се задоцнети и несериозни, обвинија денеска од опозицисиката ВМРО-ДПМНЕ.
Секојдневните празни соопштенија нема да ги убедат граѓаните дека нивните економски мерки се за нивното добро.
Мерките кои СДСМ ги нарекува економски се само импровизација на власта и не значат никаква помош. Тие само ќе ја продлабочат на економската криза во Република Македонија.
Неспособноста на оваа власт скапо ќе ја чинат државата и граѓаните, порачуваат од партијата.
Доколку владата предводена од СДСМ навистина сака да помогне на граѓаните, тогаш нека ги прифати мерките кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, за спас на економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.