„ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја формира Владата ќе донесе мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Овој енергенс ќе биде достапен за секого.
Со овој проект ќе се опфатат голем број населени места и ќе се овозможи природниот гас да биде подостапен до граѓаните и до компаниите.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова подразбира повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.
Обнова на Република Македонија следува по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна гасификација на државата. Обновата значи реални проекти и мерки за секој граѓанин во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.