Очигледен е стравот на СДСМ од претстојниот пораз на парламентарните избори. Секој ден на виделина излегуваат криминалите, корупцијата и неспособноста на кадрите на СДСМ кои што ги водеа и ги водат институциите во Македонија, се вели во соопштението на опозициската ВМРО ДПМНЕ како контра одговор на прес-конферанцијата на Дамјан Манчевски.
Затоа е потребата на СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски жолчно и во очај да повторуваат излитени фрази. Граѓаните тоа го гледаат и им станува јасно со секој поминат ден колкава криминогеност и неодговорност постои во СДСМ. Заради нивната некадарност Македонија е на 106 место по перцепцијата на корумпираност, најлоша во Европа, заради Заев Македонија е хибриден режим, а заради лажните ветувања на СДСМ граѓаните од без перспективност ја напуштаат масовно државата, заради Луи Витон судството граѓаните ја губат довербата во институциите.
Сето ова ќе се смени по 12 април кога пораз ќе доживее политиката на Заев и ќе почне обновата на Македонија. Поразите, неуспесите и падовите се одлика на власта на Заев. На 12 април граѓаните ќе кажат Заев никогаш повеќе.