Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави Скопјани дваесетина часа по невремето, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов наместо да биде градски матичар на фасади и кровови, нека биде градски татко кој ќе почне да работи.

Оштетени се повеќе кровни конструкции меѓу кој и на повеќе средни училишта под надлежност на Градот Скопје. 3 години се апсолутна власт и немаат никакво оправдување за својата неработа, но и за политиканството за некакво барање одговорност пред три години, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.