За СДСМ мислењата на Венецијанската Комисија важат зависно од тоа како им одговара нив, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска мислењата на Венецијанската комисија ги смета за најважни во демократските процеси, а утредента кога не им одговараат мислењата на Венецијанската Комисија ги смета како мислења кои се однесуваат за државите кои се предмет на анализа, велат од ВМРО-ДПМНЕ:

Венецијанската комисија преку анализата на уставните и законските решенија на државите создава правни стандарди познати како soft law кои треба да се почитуваат од сите држави-членки на Советот на Европа.

Во услови на пандемија СДСМ сака да создаде нови изборни правила што не се предвидени со изборниот законик и со тоа свесно ја втурна владата да уредува прашања што не се во нејзина должност.СДСМ повторно ја злоупотребува владата за партиски цели, стои во соопштението од опозицијата.