СДСМ и Зоран Заев се наоѓаат во безизлезна ситуација. Стравот и хаосот се сместени на Бихаќка. Тоа го покажуваат јаловите соопштенија полни со манипулации, лаги и нови ветувања кои нема да бидат исполнети.- обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ветуваат нови патишта, а ќе исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 600 километри автопат итн. – велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.Доаѓа времето на просперитетот, работата, чесноста, трудот и исполнувањето на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот. – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.