ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата, велат од партијата преку соопштение.
Како што се додава во нивното соопштение, ВМРО-ДПМНЕ очекува како идна влада да креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Според нив, тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно.
-Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот, стои во партиското соопштение.
-5.000 денари повисоки пензии во првата година, поддршка на младите и семејствата, 6 бесплатни ин витро интервенции за идните родилки, по 50 милиони евра за спортот и културата и 800 милиони евра за земјоделството, ветува ВМРО-ДПМНЕ.
-Но најважно од се е да се направи дигитален попис, за да се види со какво население располага земјата и така ќе може да се гради иднината, вели лидерот Христијан Мицкоски.
По презентација на програмата ВМРО-ДПМНЕ, следниот викенд ќе ги промовира и носителите на парламентарните листи.