Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 довчерашниот претседател на Собранието, Талат Џафери откри дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога не снимале камерите, му се обраќале со „претседателе“.

Инаку пратениците од опозицијата ретко му се обраќаа на Џафери со претседател, туку само со „господине Џафери“.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тоа го најавија уште на почетокот на мандатот на Џафери, поради тоа што, како што велеа, не го признаваат неговиот избор за претседател на Парламентот.