На територијата на скопско Драчево, изречени се вкупно 166 мерки во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги реализира Министерството за внатрешни работи.

Како што денеска информираат од МВР, од нив за возење без возачка дозвола се 33, 14 санкции се за нерегистрирани возила, шест мерки се за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли наведуваат од МВР продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.