Во неколку македонски градови има заразени со омикрон.

Станува збор за Скопје, Тетово, Охрид, Кавадарци и Кочани. Оваа варијанта е потврдена кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.

Сојот се појави во Јужна Африка и се прошири во целиот свет. Тој веќе доминира во дел од европските земји, меѓу кои е и нашиот сосед Грција. Инаку, важи за сој кој брзо се шири, но дава поблаги симптоми.

Во земјава расте бројот на инфицирани со коронавирусот. Деновиве имавме над 1.000 случаи на дневно ниво.