PHOTO: Matej Povše

Министерството за здарвство информира дека вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

-По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 56 пациенти, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот, соопштуваат од министерството, додавајќи дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

-Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од Министерството за здравство.

Оттаму потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, нагласуваат од министерството.ир