Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал нови 862 случаи со Ковид-19 од вкупно направени 2699 тестирања. Од нив 10 случаи се од Крива Паланка.

Како што соопшти Министерството за здравство денеска се потврдени и 223 оздравени пациенти и 14 починати.

Во Крива Паланка досега се регистрирани вкупно 228 позитивни случаи на Ковид-19 од кои во моментот активни се 81.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587 .