Во четврток (01.02.2024 година) започнува исплатата на јануарските пензии за над 330.000 пензионери.

Покрај пезниите, пензионерите со пониски пезнии се уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари.

Следното покачување на пензиите ќе биде веќе во март оваа година, по што од први април, сите пезнионери ќе добиваат повисоки пензии, а конкретниот прецент ќе се знае кон крајот на месец февруари.