Од март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари, најави на прес-конференција Елена Устамитова, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
Устамитова објави дека СДСМ за шест години ја зголеми платата четирипати.
„Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари, а во некои сектори, како кожарската и текстилната индустрија, работниците земаа и помала плата. СДСМ ја исправи неправдата – работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува. За само неколку години, СДСМ ја зголеми минималната плата за повеќе од двојно, над 100 % во споредба со времето на ДПМНЕ. Тоа е повеќе за сите. СДСМ го почитува и го вреднува трудот на работниците. Затоа донесовме системско решение, со кое обезбедивме континуирано зголемување на минималната плата, но и на другите плати“, рече таа.
Како што заклучи, СДСМ успеал просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, нешто што било незамисливо со ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари.