Во секое населено место, град, село, постои ИПАРД табла, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Нова мерка, нови средства за повеќе инвестиции. Само со ЕУ до поголем и повисок животен стандард – дециден е Николовски.
Земја лидер сме во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата со над 2.100 реализирани проекти и доделена финансиска поддршка од 63.1 милиони евра.
До 2016 година била доделена финансиска поддршка од само 16 милиони евра.
ИПАРД е нашата гордост, потенцијалот го гледаме преку многуте успешни приказни и инвестиции во македонското земјоделство, вели Љупчо Николовски.
434601968_957238935769943_6212658667145292098_n