Полицијата вчера на подрачјето на град Скопје изрече 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 за возење без возачка дозвола, 11 за нерегестрирани и технички неисправни возила, 13 за користење мобилен телефон и пет мерки за поминување на црвено.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот и најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.