Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека во Србија на пролет најверојатно ќе се препорача граѓаните да примат и четврта доза од вакцината против коронавирус, пренесуваат медиумите кај северниот сосед, повикувајќи се на изјави од здравствените работници кои се борат со пандемијата наметната од коронавирусот.

-Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, да имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во проблем, вели српскиот епидемиологот.

Во Србија според Тиодоровиќ се очекува да продолжи трендот на намалување на бројот на новозаболени, но посочи дека од граѓаните зависи дали тоа ќе се случи и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб се уште е за воведување на целодневни ковид пропусници и дека ќе инсистира на тоа.

Воведувањето на ковид пропусници имало влијание врз лицата на возраст од 30 до 40 години, а тоа се гледа и од податоците за вакцинација.