Со активности на спортисти и рекреативци од повеќе спортски дисциплини денеска во Струмица, во Големиот градски парк, беше одбележан 10.Мај-Светскиот ден на физичката активност.
На настанот учествуваа каратисти, кошаркари, фудбалери и фудбалерки и ученици, кои преку демонстирање на нивните вештини упатија порака за важноста на спортската активност.
На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој порача дека здравото, активно и правилно живеење создава здрави, млади луѓе, коишто ќе имаат поголема желба и мотив за едукација, образование и работа.
– Физичката активност е особено важна и за постарата популација, којашто од неа има големи здравствени бенефити. Да спортуваме и рекреираме, да вложуваме во сопственото здравје, затоа што тоа е нашето најголемо богатство, рече градоначалникот Јаневски.
Одбележувањето го организираше Општина Струмица во соработка со спортски клубови и организации.