Полицајци вчера во Тетово привеле тројца жители на Индија кои во Северна Македонија влегле нелегално. Тие биле откриени не булеварот „Видое Смилевски-Бато”.

-Околу 13 часот и 30 минути во Тетово, полициски службеници на МВР ги привеле П.В.(26), Б.Е.(37) и Т.В.(22) од Индија, поради илегален влез во нашата земја. Тројцата Индијци биле спроведени во Полициска станица за граничен премин Табановце, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

За тројцата странски државјани ќе има понатамошна постапка за реадмисија во нивната држава.