Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во гостување на темата на денот, порача дека во Владата постојани има дисонантни тонови за различни важни прашања за државата.

„Премиерот рече дека има некаква поддршка за промена на преговарачката рамка од земји членки на во ЕУ, министерот Муртезани кажува дека е тоа невозможно. Кажува премиерот дека ќе има дестабилизација министерот Мисајловски кажува дека дестабилизација не е на повидок. Така што сите тие дисонантни тонови во владата укажуваат на тоа дека можеби не се добро координирани и дека не знаат кај тераат, тоа е причина зашто ние сме толку агресивни во критиките поради тоа што сме покажале апропо сите тие политики коишто сега се обидува владата да ги направи дека тоа не е вистинскиот пат и дека граѓаните ефектот не го чувствуваат туку дека очигледно дека во пресрет на есента и зимата ќе имаат се помалку пари во џебовите соочени со уште поголеми ценовни шокови“ вели Филипче.

Со таков однос, додаде тој, со често менување на ставовите се доведува кредибилитетот на премиерот Мицкоски

„Прво и Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целокупната кампања којашто ја водеа пред изборите, а би рекол премиерот и политичката кариера дел ја должи на Преспанскиот договор, беше против него ќе го укинуваше, па ќе стоеше на браникот на државата никогаш немаше да каже и тој и претседателската Силјановска Северна Македонија и сега гледаме дека гордо кажуваат Северна Македонија премиерот уште го кажува преспанскиот договор како добар пример со препорака да се користи било каде во Светската дипломатија. Од тука излегува една дилема најпрво со каков легитимитет тие ги кажуваат изјавите и дали се доведува во прашање кредибилитетот нивни како политичари кога толку често ги менуваат ставовите. Кога се поставува прашање дали навистина целосно ја информираа јавноста за тоа што мислат и што планираат“ вели Филипче.