Во Врање заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

На граѓаните на Врање и Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 и на граѓаните на БиХ 29 дози.

Од сите четири типа достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески Синофарм – 72.098 дози.

Фајзер бил даден во 35.275 дози, руски Спутник-В во 8.243, а Астра Зенека во 932 случаи.