Започна маршот под мотото „Чекориме за правда“ со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.

Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Северна Македонија а ќе заврши пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има и претседателот на СДСМ Зоран Заев.