Годинава од водите на Крива Река крстот го извади и најсреќен беше младиот Наум Поцев.
Општина Крива Паланка денеска  организира масовен настан „Водици, Богојавление 2024“, можност – сите во општината заедно да го одбележат и прослават овој голем ден.

417702755_6780797238715987_1140522507427047870_n

Фото: Ѓорѓи Костовски

Церемонијата почна со свечена Богојавленска литургија во осум часот, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, по што верниците се упатија кон мостот и кејот на Крива Река, каде се осветуваат водите.

По положување на чесниот крст во водите на реката, на плоштадот има централната манифестација на градскиот плоштад, каде во празничен дух, граѓаните ќе го прослават празникот со музичка програма од Благоја Алачки и пријателите, заедно со нивната гостинка, Адријана Алачки, а водителка на настанот ќе биде Ирена Спировска. Прославата ќе биде во знак на македонскиот мелос, со изведба на познати македонски народни песни и хитови, ора и популарната „паланечка тројка“, информира службата за комуникација со јавност во Општина Ова е програмаКрива Паланка.