Маскирано вооружено лице ограбило банка во населбата Илинден. Првичните информации говорат дека е одземена голема сума на пари.
Идентитетот на ограбувачот засега останува непознат, а очевидците велат дека со парите избегал во непознат правец.
Полицијата во моментов врши увид, а информациите од Министерството за внатрешни работи најавуваат за подоцна денеска.