На 27.11.2022 во 16.25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во машко лице.

Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција.

Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.