На 27.03.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.