Две лица се тешко повредени во сообраќајка кај скопско Визбегово.

На 29.12.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Визбегово, скопско, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(20) од Скопје, удрило во пешакот Г.Р.(46) од Скопје.

Во несреќата, пешакот и возачот се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.