Денеска, во 4.15 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Падалиште, во с. Беловиште, патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј. Ј. (54) од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка Река.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, а телесни повреди добил неговиот сопатник А.Ф. (52) од Гостивар, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.