Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица.

Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина.

Двете лица возеле на регионалниот пат Трпејца-Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.

Засега не е познат идентитетот на загинатите, освен тоа дека се работи за повозрасни лица.

Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид синоќа излегоа на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, велат од Центарот за управување со кризи.