Вработен од битолскиот затвор на возраст од 47 години почина од ковид-19 во Клиничката болница во Битола, а во последниве седум дена, од 20 тестирани осуденици, дури 16 се позитивни на вирусот, објави вчера Алфа.

Според телевизијата, починатиот бил шеф на затворската кујна.

Притоа таа изјави дека Во битолскиот затвор позитивни на ковид 19 се 16 осуденици, кои имаат лесни симптоми, а едно лице е примено да се лекува во битолската болница. Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десетина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември, изјави директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска.