Македонски државен службеник е уапсен поради наводно масовно производство на милиони фалсификувани монети од 2 евра, објави денеска Агенцијата на ЕУ за спроведување на законите.

Повеќемесечната истрага на македонските и косовските власти, спроведена со поддршка на агенцијата Европол, открича очигледна операција за фалсификување и доведе до апсење на 34-годишен осомничен во Приштина, соопшти Европол.

Лицето било вработено во Министерството за внатрешни работи на Македонија, посочија од Европол, додавајќи дека властите заплениле и „машини за производство на фалсификувани валути, илјадници составени монети, прстени и празни јадра“ ​​на повеќе локации во Македонија.

„Еurojust“, агенцијата на ЕУ за соработка во кривичното правосудство, објави дека човекот „е осомничен за производство на околу 2 милиони лажни монети од 2 евра, кои требало да проциркулираат во косовската економија“.

Според властите, Косово се соочува со епидемија на фалсификувани монети вредни милиони евра. Земјата не е дел од еврозоната, валутна унија на ЕУ, иако усвои еврото како своја валута во 2002 година.