МВР до Основното јавно обвинителство во Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, кој е осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

„Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 1.1.2022 до 5.8.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.