Општинската Организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Крушево јавно прашува дали лице вработено во шумската полиција во Крушево, кадар на ВМРО – ДПМНЕ, во работно време е возач на кандидатката за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ од Крушево Билјана Проеска и ја придружува во предизборната кампања заедно со Цветан Трипуноски?
Градоначалникот Христоски објави фотографии на кои се гледа лицето Пеце Стојчески, вработен во шумска полиција во Крушево, во село Норово општина Крушево каде што денеска била и кандидатката за пратеник Проеска заедно со Трипуноски.
Според информациите до кои дојдовме вработениот во шумска полиција денес е прва смена на работа, односно до 14 часот.
ОО СДСМ Крушево прашува дали Цветан Трипуноски ги ослободува од работа вработените во шумската полиција за да тераат партиска кампања? Дали, како што правеа порано, со луѓе од шумска полиција ќе ги заплашуваат граѓаните за да изнудат нивни гласови?
За овој скандал треба да бидат преземени соодветни мерки за вработениот во шумска полиција и Цветан Трипуноски да понесе одговорност. Граѓаните нема да бидат заплашени.
Извор: Насловна