Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 28 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време со утринска температура до 13 и дневна до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината и ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени. Во следните два дена ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи