Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје,слично време со минимална температура до -2 и максимална до 6 степени.

Од денеска се до крајот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата кога на места ќе се спуштат и под 10 степени.