Облачно и ветровито време ќе преовладува денеска во земјава. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови, во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.